Дали е ова јахтата на која со своето семејство Радмила Шеќеринска уживаше летово на луксузните грчки одмаралишта? Телевизија Нова дојде до ексклузивни снимки од јахтата АДА која и според изгледот и според името наликува на онаа што можевме да ја видиме во Егејското море.Порталот Денешен пренесува информации дека во Скопје оваа луксузна јахта била сместена во хангари во скопската населба Кисела Вода на улицата ,,Борис Трајковски,, кои се во сопственост на фирмата Пелагонија.
Токму минатата година излегоа информации и фотографии за луксузното летување на Радмила Шеќеринска која во Грција летувала на луксузна јахта која пловела под грчко знаме. Името на јахтата Ада е и името на ќерката на Шеќеринска.
Тогаш медиумите објавија и фотографии на кои се гледа како Шеќеринска и семејството уживаат на јахтата.. Таа децидно не демантираше дека јахтата е нејзина и наместо да одговори на прашањата ја сврте работата кон Вмро-Дпмне повикувајќи ги да седнеле јавно за да дебатираат кој со колкав имот располага..Порталот Денешен пренесува информации дека во Скопје оваа луксузна јахта била сместена во хангари во скопската населба Кисела Вода на улицата ,,Бор