За само 4 месеци откако е пуштена во употреба новата детска клиника – Козле бројот на амбулантските прегледи е зголемен за 70%, а за 35 % е зголемен бројот на пациенти кои се хоспитализираат.За разлика од порано кога оваа установа функционираше во многу стар, дотраен објект од времен карактер денеска имаме болница која што има европски стандарди, одлични услови и одлично функционира .
Ова беше посочено при денешната посета на министерот за здравство Никола Тодоров на Детската болница „Козле“.
– Ова се многу високо показатели од кои што може да се заклучи дека пациентите се повеќе ја одбираат болницата. Пред се поради одличните услови, но и одличниот персонал кој има големо искуство и работи со многу љубов и посветеност. Имаме болница со европски стандарди и одлични услови, рече Тодоров.
Посочи дека 70 проценти од персоналот од болницата веќе бил на повеќемесечна едукација во странство, во најголем дел во педијатриската болница „Бамбино Џезу“ во Ватикан.
– Имаме и едукации во други поголеми центри како што се педијатриските болници во Истанбул, Анкара, Љубљана и Загреб. Во делот на кадарот правиме сериозни чекори напред и овозможуваме постојано подобрување на нивото на квалитет на здравствените услуги кои се даваат во оваа здравствена установа, рече Тодоров.
Нагласи дека ова е една од првите здравствени установи што ги воведе пост терминалите за плаќање со картички, со што сериозно се намалуваат гужвите и турканиците на шалтерите.
Директорот на детска болница „Козле“ Оливер Зафировски рече, дека болницата има воведено и нови методи како видео графоскопија, сублигвална имуно терапија, полисомнографија и теле медицина.
– Тоа значи дека комунијацијата продолжува со колегите што ги стекнавме надвор од Македонија, што за нас е исклучително значајно бидејќи за сите потешки случаи можеме да направиме второ мислење и со тоа пациентот да добие точна дијагноза, рече Зафировски.
Посочи дека за четири месеци во болницата досега поминале над 15 илјади амбулантски пациенти, како и дека времето за чекање е намалено и во еден момент може да се направат над 100 анализи.За разлика од порано кога оваа установа функционираше во многу стар, дотраен објект од времен карактер денеска имаме болница која што им