„Стој! Ова овде е е царството на мртвите!“, пишува на таблата која ги пречекува посетителите на катакомбите во Париз, огромна костурница, во која се чуваат посмртните останки на милиони луѓе. Париските катакомби, кои се отворени за јавноста, се едни од најмистериозните атракции во градот. Стотици метри под спиралните скалила, преку безброј тунели и одаи организирано подредени, се крие куп од черепи и коски. Повеќето од нас не би биле среќни, ниту би им било пријатно покрај таква глетка, но тоа е еден од начините преку кои може да се набљудува срцето на Париз, длабоко под земјиното тло.
На влезот во катакомбито, на плоштадот Данфер-Рошро, на југот од Париз, стои предупредување на три јазици: „Посетата на костурницата може да остави силно влијание врз чувствителните личности и деца“.
Тунелите под Париз биле оригинално создадени во 12-тиот век, кога била изградена Богородичната црква (Нотр Дам). Тунелите им овозможувале на жителите патека под метежот на градот, преку која ќе стигнат до црквата. Во текот на доцните години од 18-ти век, цела улица се срушила, и открила што се криело под неа. Градската управа решила да ги доизгради тунелите, и секој да го означи како улицата која се протега над него.
Се верува дека во катакомбите има погребано 6 милиони луѓе, но тој број никогаш официјално не е потврден.
Изразот „катакомби“, позајмен од римските катакомби, предизвикува конфузија затоа што се однесува на сите 800 хектари каменолом, кој спротивно на мислењата, не претставуваат големи гробишта.
Денес, има неколку групи кои посветиле години од својот живот за одржувањето и разубавувањето на подземните патеки на Париз. Од скали изрезбани во камен, до статуи на лавови и масивни фонтани, катакомбите на Париз не се само „кралството на мртвите“ и место на кое се складирани купишта коски од минатото, туку и засолниште за уметниците, авантуристите, и оние кои сакаат да побегнат од монотонијата и секојдневието на општеството во кое за нив нема место. Париските катакомби, кои се отворени за јавноста, се едни од најмистериозните атракции во градот. Стотици метри под спиралните скалила, преку безбр


