ФОТО: Дрога со вредност од 120.000 евра беше запленета на ГП Блаце

Синоќа на граничниот премин Блаце за влез во Република Македонија се пријавило лицето Б.Г. (26) државјанин на Република Албанија, управувајќи патничко моторно возило со албански регистарски ознаки, во кое како сопатници патувале уште три лица сите од Албанија.На прашањето на царинскиот службеник дали имаат нешто да пријават за царинска контрола, лицата одговориле дека немаат ништо за пријавување и дека патуваат за Германија.
Поради сомневање во нивната изјава, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи – мобилни тимови го селектирале возилото за детален преглед. При контрола на возилото, во која било користено и царинско куче, царинските инспектори забележале одредени неправилности на подот од возилото. По отстранувањето на седиштата и теписонот од подот на возилото, забележале дека лимот е свежо обоен и дека по целата должина под подот од возилото има специјално направен бункер, наполнет со вкупно 29 пакетчиња со наркотична дрога марихуана со вкупна тежина од околу 29 килограми.

Дрогата требало да биде однесена до Германија, а нејзината цена на западно – европскиот пазар би достигнала вредност од околу 120.000 евра.
Случајот е предаден на инспекторите од Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, кои по собирање на сите докази, до надлежното јавно обвинителство ќе поднесат кривична пријава против осомничениот Б.Г., поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекрусори“.

Оваа заплена е уште една од низата на успешно реализирани заплени на марихуана во изминатиот месец, кога царинските службеници во четири одвоени случаи запленија речиси 65 килограми марихуана, и тоа: на 12 октомври 2016 на ГП Табановце беа откриени 24 кг марихуана, на 9 октомври 2016 на ГП Ќафасан 2,7 килограми, на 1 октомври повторно на ГП Табановце запленети беа 26 килограми марихуана, а неколку дена претходно, односно на 28 септември 2016 година на ГП Блато царинските службеници спречија обид за шверц на 12 килограми марихуана.На прашањето на царинскиот службеник дали имаат нешто да пријават за царинска контрола, лицата одговориле дека немаат ништо за пријавување и дека п

Пронајдете не на следниве мрежи: