Најмалку 309 лица се уапсени во текот на викендот за време на протестите на движењето „Животот на црнците вреди“ кои се одржуваа во Њујорк и Чикаго, но и во протестите се одржуваа и во Св. Паул во Минесота и Бејтон Роув во Луизијана каде што минатата недела двајца афроамериканци застрелаа полицајци и цивили, како револт и одговор на убиствата кои полицијата ги извршила врз афроамериканци во изминатиот период.Демонстрантите извикувале „Нема правда нема мир!“ и „Вие имате пиштоли ние имаме постери!“, пишува Associated Press.
Полицијата најпрво ги разбила демонстрантите со помош на штитови и палки, а потоа започнала да ги апси. Во растерувањето на демонстрантите полицијата употребила димни бомби.
Медиумите пишуваат дека протестите биле релативно мирни, но полицијата насилно ги поттиснала и разбила илјадниците демонстранти.
Оваа фотографија стана многу споделувана на социјалните мрежи. На неа се гледа девојка која мирно стои пред полицијата пред да биде уапсена.
Полицијата уапсила и бројни активисти од движењето „Животот на црнците вреди“, меѓу кои и еден од лидерите на движењето Де Реј Мекесеон.
Демонстрантите извикувале „Нема правда нема мир!“ и „Вие имате пиштоли ние имаме постери!“