Новинарката и блогерката Палома Гони решила да не се депилира, бидејќи смета дека депилацијата за голем број жени е најболниот третман за разубавување, па со тоа што нема да се депилира таа реши да се побуни против овој идеал за надворешната убавина на жената.
Оваа новинарка од Шпанија реши да стави крај на искривените друштвени норми кои и мажите и жените ги прифаќаат и ги сметаат за нормални, а станува збор за влакната на женското тело.
Статистиката покажува како голем број на мажи, но и жени сметаат дека жените не смеат да имаат влакна на телото и дека депилацијата е нивна обврска.
Палома одлучила да стави крај на овие идеали на убавина така што од својот живот потполно ја исклучила депилацијата и на својот блог под наслов „ Јас не се бричам“ објавила „природни“ фотографии.
„Депилацијата е болна и ми одзема многу време и не ми е јасно зашто стана обврска на секоја жена. Својата одлука одлучив да биде јавна затоа што вистината е дека жените имаат влакна и отсекогаш имале. Ако жената не ги отсрани влакната веднаш се смета дека не се грижи за својата хигиена, не е секси и не е права жена додека пак кај мажите не е така“, изјавила младата новинарка.
Оваа влакнеста новинарка стана хит во светот како и тема на многу дебати за тоа дали е добро и пожелно жената да се депилира или да остане природно влакнеста.
Кој е вашиот став за ова?!
Оваа новинарка од Шпанија реши да стави крај на искривените друштвени норми кои и мажите и жените ги прифаќаат и ги сметаат за нормални,