Со настапите на македонските легенди и нивните евергрини, како и концертот на хрватското дуо „Ту челос“ (2 cellos), синоќа почна најголемиот пивски фестивал во земјата „Пивофест“.
Точно во 21 часот на сцената излезе Вера Јанковиќ, која ја загреа атмосферата за Зафир Хаџиманов, Маја Оџаклиевска и Драган Мијалковски. Пред да настапи дуото „Ту челос“, пак, Дани Димитровска ја подготви публиката за рок-доживувањето.
Меѓутоа, овде во Прилеп со пиење се почна уште од пладне кога скарите веќе беа загреани, а пивото оладено и подготвено за точење. Имајќи предвид дека денес е работен ден, бројот на посетителите на отворањето според градоначалникот Марјан Ристески е најголем досега, а колку пиво е испиено, а скара изедено ќе биде соопштено на прес-конференцијата напладне.
Дотогаш погледнете како помина првиот ден на „Пивофест 2013“ во галеријата на ТЗМ.МКСо настапите на македонските легенди и нивните евергрини, како и концертот на хрватското дуо „Ту челос&l
Пронајдете не на следниве мрежи: