Познатата реклама од 50-тите години за Coppertone со девојчето и кучето беше инспирација за една мајка за фотографирање на нејзината 2 годишна ќерка и нејзината другарка. Но оваа идеја не му се допадна на Фејсбук каде ја објави фотографијата.Имено, како што на рекламата кучето се обидува да и го симне долниот дел од костумот на капење на девојчето, така на оваа фотографија едното на другото девојче и го симнува долниот дел од костумот за капење, со што и се гледа гол дел од задникот на другото девојче.
Корисниците на Фејсбук ја пријавија оваа фотографија под аргумент дека се работи за порнографска содржина, а мајката на девојчето добила 24 часовна забрана за користење на Фејсбук, односно за тоа време и бил оневозможен пристап на Фејсбук.
Jill White, која инаку професионално се занимава со фотографирање, рекла дека кога повторно можела да пристапи на Фејсбук, уште еднаш ја објавила фотографијата на својата ќерка и нејзината пријателка но овој пат со „смајли“. Фејсбук после тоа се огласи дека Jill нема да добие забрана за користење на Фејсбук поради фотографијата, пишува Fox News Insider.
Од Фејсбук додаваат дека фотографијата не е тргната поради тоа што има порнографска содржина, туку поради тоа што според нивните правила тоа не е допуштено. Тие сериозно ги разгледуваат пријавените фотографии кога се работи за деца.
Имено, како што на рекламата кучето се обидува да и го симне долниот дел од костумот на капење на девојчето, така на оваа фотографија едното на дру



