Од Управата за заштита на културно наследство велат дека оваа зграда е споменик на културата и е од период меѓу двете светски војни и претставува рана модерна архитектура со историско обележје на 20 век, пишува Телеграф.мк.Зградата во која е сместено Министерството за култура е заштитена со Законот за заштита на културно наследство.
Од Управата за заштита на културно наследство велат дека оваа зграда е споменик на културата и е од период меѓу двете светски војни и претставува рана модерна архитектура со историско обележје на 20 век.
Порталот вели дека барањето за објектот да биде прогласен за културно наследство е поднесено годинава на 28 јануари, а истото е прифатено на 4 февруари годинава.
– Зградата на министерството за култура е прогласена за споменик на културата и е значајно културно наследство. За среќа, боите што ги користеле, лесно се вадат, па се надеваме дека нема да има поголеми оштетувања на фасадата – вели директорот на Управата за заштита на културно наследство, Виктор Лилчиќ Адамс.
Доколку дојде до поголемо оштетување на објект, кој е заштитен како културно наследство, тогаш се формира комисиски извештај и следува постапка каде што конзерваторскиот центар треба да се погрижи за враќање на објектот во негова првична состојба, а сторителите ќе бидат санкционирани согласно Законот, пишува Телеграф.мк.
Од Управата за заштита на културното наследство велат дека ќе бидат поднесени кривични пријави за поединци кои вчера ја исшараа фасадата на Министерството за култура.
Триумфалната капија, пак, порта „Македонија“ е исто така заштитена како културно наследство уште во 2013 година.
Вчерашните протести организирани од граѓанската иницијатива „Протестирам“ започнаа во 18 ч. од пред специјалното јавно обвинителство, продолжија кон Собранието, а потоа преку плоштадот „Македонија“ дел од групата стигна до Министерството за култура, каде што зградата беше гаѓана со бои.
Потоа толпата се упати пред Владата на Република Македонија и таму го заврши својот протест.
Извор/Фото: Телеграф.мкЗградата во која е сместено Министерството за култура е заштитена со Законот за заштита на културно наследство.
Од Управата за заштита на к