Фото: Гнев се појавува кај поддржувачите на опозицијата

Откако увидоа дека не можат по демократски пат да дојдат на власт и убедливо загубија на избори, се погласни се нервозните повици на опозицијата за пресметка и одмазда со власта, демонстрирајќи немоќ за дебата и конкурентност со идеи и проекти.Со повиците за крв и одмазда, познавачите сметаат дека всушност се демонстрира исплашеност и страв и тоа е еден од начините кој се користи како средство за  мобилизирање на маса и охрабрување на членството кое се’ повеќе е  разочарано од актуелното раководство во СДСМ и немањето на капацитет за реформи.
„Никој не е над законот. Тоа штети на имиџот на самата опозиција. Ако повикуваш на нешто што е надвор од законите, тогаш самите избирачи треба да се запрашаат дали всушност во она што го говори опозицијата за демократијата и за владеење на правото има вистина, доколку повикуваат на некакви одмазди кои би биле надвор од законските норми. Со овие изјави штета трпи опозицијата“, смета политичкиот аналитичат Владимир Божиновски.
Ваквото однесување за експертите преставува одлепување од реалноста и неможност да се вратат во колосек и со проекти и идеи за развој да и конкурираат на власта.
Ѓунер Исмаил, кој е долгогодишен функционер на СДСМ и актуелен член на партиските органи на СДСМ на Фејсбук се закани дека ќе наплателе со крв (мислејќи на тоа кога ќе дојдат на власт,) додавајќи дека аманатетот до неговите блиски  е скапо да се наплати и дека власта крв должи.
Ваквото однесување се повеќе се преклопува и наликува на она со радикалните албански структури. Па така, главниот уредник на вестите на Алсат, Мухамед Зекири објави фотографија на премиерот Никола Груевски облеан со крв на својот Фејсбук  профил, во контекст на трговската војна со Косово.
Во Алсат долгогодишен директор е токму Сашо Орданоски, кој е колега на Ѓунер Исмаил за повеќе проекти кои се финансирани токму од Сорос. Истовремено, во Алсат се и повеќе новинари кои важат за лични пријатели и приврзаници до раководството на СДСМ.
Ваквиот непродуктивен радикализам на СДСМ се повеќе е на линија со албанскиот и се чини дека тоа е единственото средство со кое се сака да се привлече внимание. Наместо програма, идеи и проекти што сака да ги види народот од една опозиција, народот добива закани и бледи радикални извици кои ниту се одобрени од народот, ниту пак држат вода.
Функционери на СДСМ и во минатото прибегнуваа кон закани, како Здравко Коцев кој викаше дека крв ке тече во Штип, Зоран Заев кој викаше дека живи луѓе ќе јаде и дека ќе се пука…
Ваквиот говорна омраза инициран од луѓе блиски до СДСМ го користата и радикалните Албанци, кои имаат навредливи коментари под фотографијата на Груевски, која ја објави Зекири.

Аналитичарите ова го оценуваат како немоќ на опозицијата и чувство на несигурност и страв кој резултира со закани како краен метод за каква таква мобилизација на членство кое може да има некаков инстант ефект, но не и поголем резултат.

Со повиците за крв и одмазда, познавачите сметаат дека всушност се демонстрира исплашеност и страв и тоа е еден од начините кој се користи како сре

Пронајдете не на следниве мрежи: