Фото: Голем гаф на CNN: Откриле дека Леонардо е добитник на Оскар?

На социјалните мрежи во понеделникот беше поприлично живо откако на CNN е прикажан прилог со плочката на која е врежано името на Леонардо ди Каприо. Во понеделникот, на CNN е емитуван прилог од Чикаго, поточно од фабриката од каде настануваат златните статуетки кои ги доделуваат од страна на Американската филмска академија. На Твитер од неодамна почна да кружи фотографија од кадар на прилогот на кој може да се види врежаното име на Леонардо ди Каприо (39) како добитник на Оскар за неговата улога во „Волкот од Вол Стрит“.

Вистинскиот победник, сепак ќе го дознаеме втори март
Се е демантирано, бидејќи гласањето е се уште во тек, така што не е сигурно дали Лео ќе биде победник во својата категорија. Уште една причина зошто оваа гласина би можело да биде лажна, е тоа што Академијата за секој кандидат ги прави овие плочки, така што потенцијалниот добитник веднаш може да ја има својата персонална фигура.
На овој начин почнало да се работи во 2010 година, а плочките на оние кои не ја имаат освоено статуетката се рециклираат.
Иако фановите на Лео за момент ги преплави среќа, ги остави во неизвесност фактот што вистинскиот победник на наградата ќе го дознаеме на втори март.Во понеделникот, на CNN е емитуван прилог од Чикаго, поточно од фабриката од каде настануваат златните статуетки кои ги доделуваат од страна на Аме

Пронајдете не на следниве мрежи: