Фото: Гордост, срам, љубов…Во кој дел од телото ги чувствувате емоциите?!

Депресијата се манифестира со млитаво тело, речиси како недостаток на чувства во целото тело. Стравот, иако се чувствува во целиот горен дел на телото, изгледа дека најсилно е околу срцето што може да се објасни со неговото силно чукање.Научниците во Финска истражувале како луѓете ги чувствуваат различните емоции на своето тело и откриле дека кај повеќето тие се манифестираат на сличен начин, пренесува NPR.
На учесниците во испитувањето им биле покажани различни зборови, приказни, слики, филмови, а после секоја реакција од виденото требало да обележат во кој дел од телото ја почувствувале конкретната емоција.
Деловите каде чувството било најсилно се боело црвено, жолта боја се појавила на оние делови каде емоциите се зголемуваат, а сина боја онаму каде емоциите се смируваат.
Откако сите испитаници за различните емоции ги обележале местата каде им се создаваат или развиваат чувствата, научниците направиле атлас на човечкото тело со влијание на емоциите.
Гордоста најмногу ја чувствуваме во градите, грлото и главата, срамот на образите, а среќата во целото тело. Ова го покажува новото истражување за физичките реакции на човечките чувства.
Депресијата се манифестира со млитаво тело, речиси како недостаток на чувства во целото тело. Стравот, иако се чувствува во целиот горен дел на телото, изгледа дека најсилно е околу срцето што може да се објасни со неговото силно чукање.

 

Во студијата учествувале и фински и тајландски испитаници, но без оглед на културолошките разлики, не е забележена никаква разлика во влијанието на емоциите кај луѓе од различни земји, религии, култури. Па, така, и луѓето од Финска и луѓето од Тајланд, тагата, среќата или лутината ги чувствуваат на истите делови од телото баш како и вие.Научниците во Финска истражувале како луѓете ги чувствуваат различните емоции на своето тело и откриле дека кај повеќе

Пронајдете не на следниве мрежи: