Се планираат многу работи со новата програма- над 70 нови канализациски и водоводни системи, се со цел да се подобри квалитетот на живот низ државата. Проектот за водоснабдување и одведување на отпадни води ќе се реализираат во сите општини во Македонија и ќе биде некаде околу 59 или 60 милиони евра, најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата во четвртата Изборна единица на коалицијата „За подобра Македонија“ Никола Груевски на денешната средба со жителите на струмичко Добрејци.Најави и реконструкција на системот за наводнување Владејци – Добрејци во вредност од еден милион евра, со кој ќе се изведе нова мрежа за наводнување на околу 400 хектари земјоделска површина и ќе се подобрат услугите на корисниците.
Груевски најави и доизградба на фекалната канализација во Добрејци во вредност од околу 600.000 евра, подобрување на инфраструктурата на хидромелиоративниот систем Водоча, од кој, како што истакна, корист ќе имаат Добрејци и Вељуса, реконструкција и опремување на Клубот за стари лица во Добрејци и на Домот на културата.
Груевски нагласи и дека Добрејци ќе биде дел од проектот „Рурални развојни зони“ со кој се предвидуваат значајни субвенции за сите што ќе изградат капацитети во руралните средини и потенцира оти отворањето нови работни места и поддршката на земјоделците и руралниот развој ќе бидат во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ и во наредните четири години.
– Народот масовно референдумски ќе ја поддржи политиката што ја спроведува ВМРО-ДПМНЕ бидејќи препознал се што Зоран Заев правел со некој од надвор. Народот има две опции да гласа – за себе и за Македонија да остане унитарна или да оди во насока на кантонизација и федерализација, рече Груевски.
Во наредните четири години, како што посочи, се планира отворање на нови 70.000 работни места, а во изминатите 10 години во услови на економска и финансиска криза се отворија нови 160.000 работни места.
– Од нив, во последните 2,5 години во услови на наметната политичка криза се отворени нови 39.000 работни места. Планираме да продолжиме со сите наши проекти за подобрување на вработеноста, но и за 10,25 отсто да ги зголемиме пензиите уште во два наврата покрај ова зголемување што го добија со ноемвриската пензија, се планира и 10,25 отсто да се зголеми платата на јавната администрација во наредните четири години, минималната плата до 2020 година да достигне до 14.000 денари, а во текстилната и кожарската индустрија до 13.500 денари, рече Груевски.
Според него, за наредните четири години се предвидуваат субвенции од 600 милиони евра за земјоделците или по 150 милиони евра годишно, мерката за набавка на земјоделска механизација наместо 50:50 да биде 60:40, односно 60 отсто од средствата за набавка да одвои државата, а 40 отсто земјоделецот. Се предвидува, како што рече, 80 отсто субвенција да има за воведување на системот „капка по капка“ и бунар, државата да ги поддржи сточарите со 80 отсто за набавка на високоприносен добиток, да се воведат професионални земјоделски советници кои ќе нудат земјоделски и економски совети за подобрување на приносите и за олеснување на продажбата. Најави мерка за грант од 10.000 евра за секој претприемач што ќе отвори земјоделски бизнис, изградба на нови 70 водоводи и канализациски мрежи во руралните средини…
Груевски во Муртино: Во фокусот вработување и сопствен дом за секого
Нова спортска сала во Муртино, финализирање на реконструкцијата на патот Еднокуќево – Муртино во должина од еден километар и вредност од пет милиони денари, нова детска градинка во Муртино, санација на греењето во ОУ „Маршал Тито“ и изградба на гасовод од Штип преку Хамзали – Струмица – Гевгелија до грчка граница од која корист ќе има и Муртино, вети лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата на коалицијата „За подобра Македонија“ во ИЕ 4 Никола Груевски на денешната средба со жителите на струмичкото село Муртино.
-За Струмичко се предвидуваат многу проекти, меѓу кои е и доизградба на болницата во Струмица во вредност од четири милиони евра од која корист ќе имаат околу 230.000 жители, набавка на нови 125 медицински апарати за здравствените установи во Струмица, изградба на две нови детски градинки во Струмица, затворен пливачки базен со ватерполо димензии, четири тениски терени, две повеќенаменски и четири баскет игралишта и една отворена фитнес зона. Покрај тоа, планирана е и доизградба на театарот која е почната од темели, како и реконструкција на Културниот дом „Антон Панов“, рече Груевски.
Нагласи дека нивен фокус во наредните четири години ќе биде вработување и сопствен дом за секој човек. Посочи дека е планиран и проект „Од град во село“ за кој државата ќе нуди по 6.000 евра финансиска помош за сите оние што ќе се одлучат да го напуштат градот и да отидат во село и да започнат земјоделски бизнис.
– За нив ќе важат и сите останати поволности што се нудат за земјоделците, а во првите 18 месеци ќе добиваат и по 15.000 денари додека не стигне првиот род. Услов е еден од брачните сопружници да биде помлад од 45 години, рече Груевски.
Потсети на успешниот проект „Купи куќа за млади до 35 години“ и најави нов проект кој ќе стапи на сила веднаш по изборите и ќе биде наречен „Купи куќа за лица над 36 години“. Со овој проект, како што кажа, државата седум години ќе кофинансира 65 отсто од ратата и каматата, а во наредните три години кофинансирањето ќе изнесува 35 отсто.
Груевски потсети и за сите поволности што се нудат за земјоделците и за руралниот развој и нагласи дека до август 2006 година кога дошле на власт воопшто немало субвенции за земјоделци, а во последните четири месеци од годината веднаш е направен ребаланс и 17 милиони евра им се доделени на земјоделците како субвенции. Во наредната 2007 субвенциите пораснале на 20 милиони евра, во 2008 на 45 милиони евра, 2009 – 70 милиони евра, 2010 – 110 милиони евра, за сега да достигнат од 140 до 150 милиони евра.
– Кога дојдовме на власт погрдно не нарекуваа земјоделска партија, но ние се гордееме со тоа. Земјоделците го препознаа тоа и очекувам масовна поддршка на 11 декември за да кажеме не на политиките на Зоран Заев и на неговите поддржувачи од надвор и да им докажеме дека народот е мудар, знае да оцени и да процени за кого треба да гласа, потенцира Груевски.Најави и реконструкција на системот за наводнување Владејци – Добрејци во вредност од еден милион евра, со кој ќе се изведе нова мрежа за нав
Пронајдете не на следниве мрежи: