Почетокот на Седницата беше закажан за 12 часот. Премиерот Груевски очекува да биде повикан и да даде изјава.Премиерот Никола Груевски е во македонското Собрание. Тој денеска ќе присуствува на седницата на Анкетната комисија за скандалот со прислушкувањето каде е повикан како сведок.
Груевски е повикан да даде исказ по предлог на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а како што и самиот потврди, во известувањето упатено минатата недела до претседателот на комисијата Петре Шилегов, денеска е подготвен да даде изјава
Според деловникот, сведокот може да побара затворена седница, доколку има да изнесе класифицирани информации. Затворање може да побара и член на комисијата со образложение, но за тој предлог се гласа и е потребно мнозинство гласови.
Секој член на комисијата може да постави 3 прашања од по 5 минути, а исто толку има и сведокот за одговор.Премиерот Никола Груевски е во македонското Собрание. Тој денеска ќе присуствува на седницата на Анкетната комисија за скандалот со прислушкувањето