Огромно изненадување и радост кај децата предизвика дружењето со Маша и Медо за време на „Back to school“ настанот кој се одржа во организација на Скопје Сити Мол.„Машаманијата“ изминатите денови се пресели во Скопје Сити Мол. Илјадници дечиња од различни возрасти воодушевено извикуваа „Еве ги Маша и Медо“ и се фотографираа со маскотите на омилени цртани ликови.
За време на „Back to School“ настанот беше поставено и детско интерактивно катче каде децата се дружеа, цртаа и боеја заедно со Маша и Медо.
Едицијата „Маша и Медо“ брои 4 црно бели боенки, 1 боенка насловена како „Залепи и обои“ и 8 интерактивни сликовници, сите создадени од тимот на Егмонт Русија, а издадени на македонски и албански јазик во земјава од страна на издавачката куќа „Култура“.„Машаманијата“ изминатите денови се пресели во Скопје Сити Мол. Илјадници дечиња од различни возрасти воодушевено извикуваа „Еве