Фото: И по 400 години ЦИА успеа да разреши убиство

Арехеолозите кои пронајдоа жртва закопана во ковчег, веруваат дека се работи за момче, бидејќи покрај повредите на десната нога, општата здравствена состојба на младото момче била на врвно ниво. 
Археолозите и форензичарите во Вирџинија веруваат дека решиле случај на убиство на 19-годишното момче, кој во 1624 година во текот на двобој е застрелан во нога во Џејмстаун, првата постојана населба на Англичаните во Америка.
Скелетот на Џорџ Харисон уште во 1996 година е  пронајден под стариот пат, но досега не бил познат неговиот идентитет.
Скршената нога е изопачена под коленото, а во неа се уште се наоѓаат оловни топчиња испукани од мускет. Ударот од куршумот бил доволен да се скрши тибијата и фибулата и да ја пробијат големата артерија во коленото, која довела до смрт.
Новите информации кои се појавија носат запис од дуелот во 1624 година, во која одреден Џорџ Харисон бил ранет во десната нога од што и подоцна починал.
„Раната покажува дека лицето е повредено од истрел од страна, која совршено се вклопува со  ставот кој луѓето го зазамаат за време на двобој кога стоечки пукаат кон противникот“, велат експертите кои работат на расфетлување на ова злосторство.
Арехеолозите кои пронајдоа жртва закопана во ковчег, веруваат дека се работи за момче, бидејќи покрај повредите на дес

Пронајдете не на следниве мрежи: