Младата јужноамериканка која живее во Австралија откри нови шокантни детали за исчезнатиот Боинг 777 на „Малезија Ерлајнс“.Хунта Рос заедно со нејзината пријателка додека траел летот до Куала Лумпур тие биле повикани од пилотот и копилотот за да влезат во пилотската кабина. Двете плави девојки изгледале доста атрактивно, па не чуди фактот што токму тие биле избрани како гостинки во пилотската кабина.
Логично дека воздухопловната компанија има свои правила кои строго забрануваат внесување патници во авионот. Но, овие две „среќнички“ ја посетиле пилотската кабина. Хунта сведочи дека тие во кабината, покрај тоа што се сликале со пилотот, дури и пушеле цигари.
Овој „забавен лет“ на Хунта и нејзината пријателка траел 1 час и 15 минути, а тие исто толку време биле присутни во кабината. Ова им се случило во 2011 година летајќи од Пукет до Куала Лумпур. Хунта Рос откако дознала дека копилотот на исчезнатиот авион е Фарик Абдул Хамид решила ова да го сподели со јавноста.
Рос призна дека таа и нејзината пријателка многу се израдувале на таа ексклузивна понуда да бидат гостинки во пилотската кабина, бидејќи тоа секако дека не е понуда која се добива секој ден. Хунта нагласила и дека пилотот и копилотот не се однесувале како да прават нешто недозволено, напротив тие се однесувале најнормално како тоа да го прават секој лет.
-Тие не се однесуваа како тоа што го прават да е нелегално. Мислам дека и претходно внесувале луѓе во кабината – вели Хунта Рос
Овој факт го покренува прашањето дали екипажот на „Малезија Ерлајнс“ ги почитува правилата на компанијата. Фотографиите на овие млади девојки сериозно, како доказ, сериозно ги нарушуваат прописите на воздухопловната компанијата.
Дека пуштањето на патници во кабината и пушење цигари во неа е строго забрането тврди портпаролот на „Малезија Ералјнс“.
Рос тврди дека освен фотографирањето немало ништо друго помеѓу двете пријателки и двајцата членови на екипажот, иако згодните девојки биле пристојно поканети да ја поминат ноќта во Куала Лумпур заедно со момците на екипажот.
На следната страна погледнете ги доказните фотографии и видеото.
Хунта Рос заедно со нејзината пријателка додека траел летот до Куала Лумпур тие биле повикани од пилотот и копилотот за да влезат во пилотската каб
Пронајдете не на следниве мрежи: