Фото и видео: Прекрасна турска актерка го смени полот

Моментално број еден вест во Турција е 26 годишната актерка Нил Еркочлар, која важи за една од најубавите турски глумици.
Актерката и некогашна мисица, зборуваше отворено во јавноста дека не се чувствува добро како жена, дека не му припаѓа на сопствениот пол, и затоа конечно презеде нешто во врска со тоа. Таа направи операција на полот и сега е маж.
„Никогаш не бев како останатите девојчиња. Не си играв со барбики, не се дружев со девојчиња, не сакав да носам фустанчиња и играв фудбал. Никогаш не се чувствував како жена“ вели Нил. „Кога влегов во пубертет, ми беше јасно дека нешто не е во ред. Јас бев жена но ме привлекуваа само жени, не бев заинтересиран за ниту едно момче.“.
Како што вели самиот, промената на полот била долга, бавна и болна. Било тешко да се издржи целиот тој товар на рамењата, но дефинитивно се исплатело, бидејќи сега е многу посреќен од било кога.
Погледнете во видеото и видете како изгледаше Нил пред промената на полот.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Моментално број еден вест во Турција е 26 годишната актерка Нил Еркочлар, која важи за една од најубавите турски глуми

Пронајдете не на следниве мрежи: