Многу занимливо и возбудливо. Дали овој спорт кој го измислија Србите, може да стане светски познат спорт.Замислете да играте фудбал на побрз, динамичен, возбудлив и необичен начин. Станува збор за една игра наречена вилбал, која е направена од страна на група ентузијасти од Владичин Хан, па сега Србија може да се пофали дека создала нова екипна игра.
На сликите е претставен овој нов спорт кој има топка и гол, а тоа е доволно за да го заинтересира секој маж. Во овој спорт нема офсајди, црвени картони и ограничени измени.
За што се работи?
Оваа игра се работи на кружен терен кој е рамномерно поделен и може да се постави на фудбалски стадион, што е многу важно.
На теренот симетрично се поставени головите, т.е. 2 порти и 4 бази.
На портите бранат голмани, а на базите бранат страничните играчи, но само со телото, без употреба на раце.
Портите и обележаниот простор пред портите, во текот на целиот натпревар остануваат во “сопственост” на тимот, додека базите и просторот пред нив, често се менува и оди од “рака во рака” во текот на целиот натпревар.
На теренот, секоја екипа има по 6 играчи, плус голман, а на клупата за резерви седат 8 + 1.
Во вилбалот нема нерешени резултати. Во случај на реми се изведуваат своевидни пенали, на базите и на капиите.
Натпреварите траат три пати по 20 минути, а измеѓу секоја третина има пауза од 10 минути.
Основачите на овој спорт се Предраг Јовиќ и Владан Вучковиќ.
Веќе седум градови во Србија се на добар пат да основаат клубови, а ревијалниот натпревар е закажан за 7ми мај.
На видеото на следната страна можете да видите како отприлика би се одвивал еден вилбал натпревар.
Замислете да играте фудбал на побрз, динамичен, возбудлив и необичен начин. Станува збор за една игра наречена вилбал, која е направена од страна н
Пронајдете не на следниве мрежи: