Три дена по несреќата на новинарот и сопственикот на „Фокус“, Никола Младенов, на автопатот Е-75, на десетина километри од Скопје, сеуште има траги од уништениот мерцедес на Младенов, пишува Нова Македонија.
На автопатот може да се забележува делови од калници и браници, парчиња од бандажи, контролна табла, амортизер, рачки од вратите и остатоци од фаровите. Покрај деловите од автомобилот, на местото на несреќата може да се заприметат весници од белградска „Политика“ и од загрепски „Глобус“, како и цигари „ронхил“ и десетденарка, пишува Нова Македонија.
Познато е дека на клучката кај Хиподром, автомобилот на Младенов излета од патот и заврши во бездна. Автомобилот марка „мерцедес“ ја пресекол металната ограда, се урнал во провалијата, а потоа се превртел преку високите дрвја.
На местото на несреќата, пронајдена е една сметка од платена патарина, а десно од неа имало уште една. Истражните органи не ги пронашле додека вршеле увид, најверојатно бидејќи тие се наоѓале под автомобилот, кој бил целосно уништен.
За потсетување, „мерцедесот“ на Никола Младенов беше извлечен во средата вечерта, а истражителите не забележале поради ноќта дека под возилото има уште докази.
Фото. Нова МакедонијаТри дена по несреќата на новинарот и сопственикот на „Фокус“, Никола Младенов, на автопатот Е-75, на десет
Пронајдете не на следниве мрежи: