ФОТО: Имале 20% шанси за преживување – близначки родени со споени стомаци тргнуваат на училиште!

Родени како сијамски близначки, со минимални шанси за преживување – денес 4-годишните Роузи и Руби Формоза од Бекслихит, Кент, се подготвуваат за првиот училишен ден.На Анџела и Даниел Формоза им било кажано дека нивните девојчиња, родени во состојба што се случува еднаш на 200.000 новороденчиња, многу тешко ќе го преживеат процесот на оперативно одвојување, но по успешната операција во лондонската детска болница „Грејт Ормонд стрит хоспитал“ (ГОШ) близначките пораснале во здрави деца со нормален развој.
Нивната мајка, 35-годишната Анџела, вели дека сите се многу возбудени што девојчињата ќе тргнат на училиште.
– Пред четири години не верував дека ова ќе се случи. Додека бев бремена, не помислував дека ќе го дочекам нивниот прв училишен ден – рекла таа за британските медиуми.

Роузи и Руби се родиле во Болницата на универзитетскиот колеџ во Лондон, со царски рез, во 34-та недела од бременоста. По само неколку часа од раѓањето биле пренесени со итна помош во ГОШ за итна операција поради блокада во цревниот систем. Благодарение на персоналот на светски познатата детска болница, Анџела и Даниел сега се горди родители на четиригодишни ќеркички.
– Ги направија сите испитувања и тестови, но мислам дека не знаеја што точно се случува со моите деца додека не влегоа на операција – вели мајката.
Операцијата за раздвојување траела пет часа и по три недели бебињата заминале дома. Сега ќе ѝ се придружат на постарата сестричка Лили во основно училиште.На Анџела и Даниел Формоза им било кажано дека нивните девојчиња, родени во состојба што се случува еднаш на 200.000 новороденчиња, многу тешко ќе

Пронајдете не на следниве мрежи: