ФОТО: Инцидентот почна кога обезбедувањето на Заев впери оружје во народот

Светските агенции во четвртокот посветија значително внимание на настаните во македонското Собрание, кога граѓаните револтирано реагираа на неделовничкото поставување на Талат Џафери за спикер на парламентот, а медиумите пренесуваат и фотографии од вооружени лица во Собранието.Според непотврдени информации, во налетот на граѓаните во парламентот изразувајќи го својот револт кон пратениците на СДСМ, дел од обезбедувањето на социјалдемократите употребило и огнено оружје.
Извори од парламентот велат дека оружјето го потегнале членови од личното обезбедување на потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, или на неговиот партиски челник Зоран Заев. Ваквиот потег, наводно, ги изиритирал граѓаните што влегоа во Собранието, по што следувала физичка пресметка.
Засега нема потврда на ваквите информации, меѓутоа се поставува прашање како одредени лица што се ставиле во заштита на пратениците на СДСМ, според очевидци, воопшто можеле да внесат огнено оружје во Собранието.
Порталот „Журнал“ претходно повикувајќи се на очевидци објави дека обезбедувањето на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, извадило огнено оружје при немирите во Собранието што следуваа денеска по изборот на Талат Џафери за собраниски спике
„Според информациите од терен, откако демонстрантите ја виделе ваквата ситуација, тргнале во пожестока пресметка и предизвикаа уште поголеми инциденти. По влегувањето на граѓаните во македонското Собрание, доцна попладнево, дојде до физичка пресметка меѓу демонстрантите и пратеници на СДСМ“, објави „Журнал“.Според непотврдени информации, во налетот на граѓаните во парламентот изразувајќи го својот револт кон пратениците на СДСМ, дел од обезбедувањето н

Пронајдете не на следниве мрежи: