По убедливата победа во дуелот со Подравка, ракометарките на ЖРК Вардар СЦБТ попладнево се вратија во Скопје. По пристигнувањето ги чекаше изненадување, а тоа е новиот автобус наменет за нашиот женски ракометен шампион.Избраничките на Индира Кастратовиќ со вчерашниот триумф над Подравка го обезбедија пласманот меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионките, а по четири одиграни кола во Д групата нашиот првак се наоѓа на првото место.
До крајот на првата фаза од натпреварувањето ЖРК Вардар СЦБТ треба да одигра уште два натпревари, првиот е веќе в недела во арената Борис Трајковски против Бера Бера и тоа е убава можност трибините да се исполнат до последното место што ќе биде најубавата честитка за извонредниот резултат.
Фото.АлфаИзбраничките на Индира Кастратовиќ со вчерашниот триумф над Подравка го обезбедија пласманот меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионките, а по че