Фото: Како да направите совршена „селфи“ фотка?!

Веројатно веќе на сите ви е познат новиот тренд кој постојано се шири на социјалните мрежи, а тоа е „selfi“ сликањето. Всушност се работи за автопортрет или групни фотки на кои се фотографираме самите ние.За да бидете и вие дел од овој селфи тренд, следете ги овие 5 чекори:Дојдете до совршената поза
Кога се сликате сами она што не смее да ви влезе во кадар е вашата рака. Земете го телефонот во едната рака, а истата испружете ја во висина на рамениците. Застанете во полупрофил така што спротивното рамо доближете го до камерата.

 

Наместете ја положбата на лицето
Не го местете лицето директно кон камерата. А, aко тоа го направите, спуштете ја брадата и подигнете го погледот кон камерата. Но, најдобар ефект ќе постигнете ако лицето го наместите во полупрофил. Спуштете ја брадата и навалете ја главата кон рамото, а погледот упатете го директно кон камерата.

Совршена композиција
За вашата фотографија да биде уште поефектна и поубава вашата глава не мора да биде во средина на кадрот. Користете ја првата и третата третина од фотографијата за вашето лице. Ако вашата глава излезе од кадарот не се секирајте тоа може да изгледа многу интересно.

Ретро ефект
Сајтовите за обработка на фотографии се подостапни од било кога. Инстаграм како најпопуларна фото друштвена мрежа нуди голем број експресни можности да ја средите фотографијата. Ретро црно-белата или сепиа фотографијата ќе ги скрие недостатоцте на вашето лице

Флеш ефект
Уште еден многу моќен трик кон вашето лице ќе го направи совршено. Флеш ефектот како блесок светлина, ќе го сокрие секој недостаток, а ќе ги истакне контурите, носот, устата и обликот на лице.
 Дојдете до совршената поза
Кога се сликате сами она што не смее да ви влезе во кадар е вашата рака. Земете го телефонот во

Пронајдете не на следниве мрежи: