Повлекувањето на Бранко Црвенковски од лидерската позиција во СДСМ, предивизка и низа коментари во грчките медиуми, пишува Нетпрес.
Грчката државна новинска агенција информира дека Црвенковски се повлекува од лидерската позиција во СДСМ, по неуспехот на партијата на неодамнешните локални избори.
СДСМ и Црвенковси се најдоа и на страниците на весникот „То вима”.
„Првичниот избор на Црвенковски за неучество на неговата партија на локалните избори беше критикуван од страна на Европската Унија и предизвика силни внатрепартиски реакции. Ова резултираше со преиспитување на одлуката на лидерот на партијата и приклучување на локалните избори, на кои што доживеаа страшен пораз од страна на ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски“, се вели во текстот на „То вима”.
Весникот „Параполитика” пак, информира за можните наследници на Црвенковски – Зоран Заев, Радмила Шеќеринска и Игор Ивановски Шема, кого весникот го опишува како личност што припаѓа на потесното опкружување на Црвенковски.
Повлекувањето на Бранко Црвенковски од лидерската позиција во СДСМ, предивизка и низа коментари во грчките медиуми, пи