Фото: Како изгледа човекот по успешна трансплантација на лице

Во полскиот град Гливице успешно е направена трансплантација на кожа од лице кај 33-годишен работник, три недели откако тој во ужасна несреќа на работното место, со машина за сечење ги загубил носот, горната вилица и образите.
Според лекарите операцијата која се одвивала 27 часа е извршена во рекордно време и пациентот се чувствува добро и се опоравува.
„ Пациентот почна да голта течности, стана од креветот неколку пати овој викенд и комуницира со нас со пишување, а испушта и звуци кога за момент ќе ја затвориме цевката преку која сега дише“ – вели д-р Мачеј Граек.
Работникот идентификуван како Грегорц прво бил сместен во болница во Вроцлав, каде што не успеал обидот да му се зашие лицето. Потоа бил префрлен во Институтот за онкологија во Гливице, која е единствена институција во Полска лиценцирана за трансплантација на лице и каде се прави фацијална реконструкција кај пациенти чија физиономија е променета како последица на рак.
Трансплантацијата била започната на 15-ти Мај, веднаш штом бил пронајден соодветен донатор.
Прва ваква операција во светот е направена во Франција во 2005 година кај жена чие лице било унаказено од куче, а оттогаш до сега се направени 12 слични операции.
На фотографијата се гледаат конците со кои е зашиено новото лице чиј донатор бил 34- годишен човек. Ова се неверојатно резултати на полските хирурзи при трансплантација на лице кај пациент.
 Во полскиот град Гливице успешно е направена трансплантација на кожа од лице кај 33-годишен работник, три недели откак

Пронајдете не на следниве мрежи: