Фото: Како изгледа документот кој му обезбеди азил на Сноуден?

Едвард Сноуден денес беше главна тема во странските медиуми поради добивањето азил од страна на Русија. Поранешниот шпион на американската Национална безбедносна агенција (НСА) Едвард Сноуден ја напушти транзитната зона на московскиот аеродром Шереметјево и влезе на територија на Русија откако доби документи за привремен азил.
Сноуден беше на московскиот аеродром од 23 јуни, а од аеродромот сеуште не е познато каде отиде. 
Неговиот адвокат Анатолиј Кучерена посочи дека поранешниот американски разузнавач е на безбедно место, а ова е документот со кој Сноуден ќе престојува во Русија.
Привремениот азил се издава на една година и може да биде продолжен секоја година. Рокот за разгледување на барањето за постојан азил е три месеци со можност да се продолжи уште три месеци.
 
 
 Поранешниот шпион на американската Национална безбедносна агенција (НСА) Едвард Сноуден ја напушти транзитната зона на московскиот аеродром Шеремет

Пронајдете не на следниве мрежи: