Се шири аферата семејни тендери во општина Струмица. И првиот братучед на лидерот на СДСМ Зоран Заев добивал пари од општинската каса, објавува порталот Пресс 24.„Фирмата Еленица, каде овластено лице е Трајче Заев, прв братучед на струмичкиот градоначлник во периодот од 2009 до 2012 инкасирала скоро 3 милиони денари за набавка на цемент преку јавното комунално претпијатие во Струмица.
Првиот тендер е договорен во 2009 година кога со струмички Комуналец раководел Панче Орцев, актуелен пратеник во Собранието од редовите на СДСМ. Следеле уште два тендери во 2011 и 2012, кога прв човек на јавното претпријатие бил Зоран Ѓорѓиев, истакнат член на СДСМ од Струмица и близок човек на Зоран Заев“, пишува порталот.
Во надзорниот одбор на фирмата Еленица покрај Трајче Заев, се наоѓа и братот на лидерот на СДСМ, Вице заев, чија што фирма, Сара Јавор Инженеринг добила тендер од општината за изведување грдежни работи вреден скоро 300.000 денари
Во мрежата со семејни тендери е вплетен и таткото на лидерот на СДСМ како и неговиот чичко Панчо Заев кои преку својата фирма Зови Промет добиле дури 7 тендери за набавки за потребите на струмичка градинка, со што вкупната сума на пари кои од касата на општина СТрумица се слеале во фирмите на семејството Заеви надминува половина милион евра.
Вчера премиерот Груевски рече дека аферата на Заев наликува на аферите од времето на Бранко Црвенковски.„Фирмата Еленица, каде овластено лице е Трајче Заев, прв братучед на струмичкиот градоначлник во периодот од 2009 до 2012 инкасирала скоро 3