Фотографиите од старо Скопје секогаш будат убави спомени кај постарите жители на градот, а на оние помладите им покажуваат како изгледал главниот град на Македонија во времето на нивните родители и времето на нивните баби и дедовци.
Оваа фотографија го прикажува Скопје пред земјотресот, односно делот по кејот на реката Вардар.
Во тој период немало многу кафулиња и ресторани како денес. Имало преубави куќи кои најчесто биле на два спрата, калдрма со сив мермер по која Скопјани оделе на корзо во попладневните и вечерните часови.
Најчесто куќите имале сопствени бавчи, па во пролет и лето, дворовите и куќите по кејот на Вардар изобилувале со најразлични весели бои.
Имало многу слаткарници, кафеани, се организирале игранки, а Скопјани како и туристите кои во тој период доаѓале во посета на Скопје уживале во прошетката по кејот на Вардар.
Погледнете ја фотографијата и направете споредба на драстичната промена на кејот на вардар во преубавото Скопје.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Фотографиите од старо Скопје секогаш будат убави спомени кај постарите жители на градот, а на оние помладите им покажу
Пронајдете не на следниве мрежи: