Фото: Какви мистериозни кодови сокрил легендарниот Микеланџело во овие две слики?!

Постојат неколку мистерии во сликите кои ги насликал еден од најпознатите уметници на сите времиња, Микеланџело. Според многуте теории, постојат доста мистерии скриени во сликите на легендарниот Микеланџело. 

Во неговото познато дело „The Creation of Adam” кое е едно од најпознатите исконски слики на сите времиња, се крие мистерија која ги вчудоневиди сите, а допрва чека да биде откриена. 
Микеланџело како еден од најпознатите сликари во италианската ренесанса во оваа фотографија индиректно го насликал човечкиот мозок. На сликата од страна на Бога кој му подава рака на Адам, всушност може да се запримети како тој е „вдомен“ во човечкиот мозок. 
Ако подлабоко ја проанализираме оваа слика на Микеланџело може да се забележи дека во зелениот појас е всушност главната артерија која ја носи крвта во мозокот и го храни, а положбата на телото на Бога е долж рбетниот столб. 
Скриената порака би била дека почетокот на Бога е со почетокот на главната артерија која го храни мозокот на човекот кој е еден од главните органи за функционирање на човечкото тело. 

 
Како во претходната фотографија која има своја мистерија и скриен код, Микеланџело има уште една слика која крие нешто мистериозно, а е поврзано со Бога и анатомијата на човечкото тело. 

Забележано е дека грлото на Бога и градите имаат атомски неправилности кои не биле присутни во некои други фрески. Исто така, бројките во долниот дел од сликата се осветлени, што не е случајност и експертите сметаат дека тоа е намерсно дело на гениј како Микеланџело. 
Покрај тоа, забележана е како чуден тек на ткаенина се протега од центарот на Божјата облека, па се до човечкиот рбетен мозок. 
Микеланџело во своите слики доста често го сликал Бога и анатомијата на човекот која крие доста мистерии и само гениј како Микеланџело можел да ги анализира и создаде. 
Други анатомски карактеристики се забележани во втората слика на Микеланџело каде што може да се забележат насликани бубрези исполнети со нешто за кое се претпоставува дека тоа се камења ако тргнеме од теоријата дека тој страдал од камења во бубрег. Според многуте теории, постојат доста мистерии скриени во сликите на легендарниот Микеланџело. 

Пронајдете не на следниве мрежи: