Постои мистерија поврзана со легендарниот италијански уметник Леонардоо Да Винчи и неговата позната слика, портретот на Мона Лиза.Покрај „Тајната вечера“ која крие доста мистерии и кодови во неа, Леонардо Да Винчи со својот генијален ум, решил да сокрие одредени кодови во познатата слика Мона Лиза.
Интригата околу оваа тема е најчесто фокусирана на нејзината насмевка која изгледа доста мистериозна.
Историчарите од Италија кои ја гледале фотографијата под микроскоп откриле дека во очите на Мона Лиза има ситни броеви и букви.
Експертите велат дека овие едвај препознатливи букви и бројки претставуваат нешто од вистинскиот живот на Да Винчи.
Во десното око се чини дека се наоѓаат буквите ЛВ, што би можело да застане за неговото име, Леонардо Да Винчи, додека во левото око исто така има и симболи но тие не се се уште дешифрирани.
Се разбира, дешифрирањето на овие тајни кодови во сликата на Мона Лиза е доста тешко, но експертите сметаат дека тоа се одредени писма соо доста контроверзна содржина.
До сега е откриено дека таму се наоѓа бројот 72, буквата Л и бројоот 2.
Исто така се среќава бројот 149, а бројот по него е избришан и не може да се знае дали тоа е одредена дата која можеби била од големо значење во животот на Да Винчи.
Оние кои се запознаени со неговото дело претпоставуваат дека тоа може да претставува годината во која Да Винчи ја насликал Мона Лиза, во Милано во 1490-та година.
Сликата е речиси 500 години стара и е доста бледа, па откривањето на тајните кодови на Да Винчи се одвива доста тешко.
Сепак, едно е сигурно, големиот италијански уметник, сакал да сокрие нешто во оваа слика и да се осигура дека никогаш нема да биде пронајдено.
Но, не е само Леонардо Да Винчи кој криел тајни кодови во неговите слики. Тука е и големиот италијански ренесансен уметник, Микеланџело, чии слики и што тој крил во нив може да погледнете на следниот линк. Покрај