Со вчерашната одлука на претседателот Ѓорге Иванов, се прекинува кривичниот погон првоосомничениот во случајот „Пуч“ Зоран Верушевски, како и неговиот соработник Ѓорѓи Лазаревски, чија скајп комуникација откри какво црно сценарио планираат, пишува Курир.Во скајп комуникацијата помеѓу нив двајца, тие прогнозираа дека во Македонија ќе дојде до граѓанска војна, но благодарени на чадорот тие ќе останеле заштитени. „Оркестар 11“ и „кока кола 10а“ биле псевдонимите што ги користеле во разговорот преку Скајп, првоосомничениот Верушевски и петтосомничениот, поранешниот оперативец во УБК, Ѓорги Лазаревски.
Верушевски го користел псевдонимот „оркестар 11“, а скајпот го водел на име „Златко Велевски“, Лазаревски пак бил „кока кола10а“, а скајпот бил на име „кока кола“. Според информациите од истрагата кои се појавија во медиумите, Верушевски, преку Лазаревски го врбувал инженерот од УБК Звонко Костовски шестоосомничениот во „Пуч“ да шпионира и неовластено прислушува за странски служби како што првично било договорено, според признанието на Костовски.
Во комуникацијата на „оркестар 11“ и „кока кола 10а“, во поголем број пораки се спомнува „чадор“ што според истрагата се смета дека тоа е терминот со кој двајцата осомничени ја именуваат странската служба.
08.04.2014 во 18:32 часот
оркестар11: ќе биде најверојатно граѓанска војна
18:33 часот
кока кола10а: ќе биде тешко = ама без нас ептен потешко
оркестар11: ајде те чекам деновиве со инфо
кока кола10а: не разбираш колку ми е тешко
оркестар11: да бе мене ми е полесно
01.02.2014 во 09.16 часот
оркестар11: знаејќи го чадорот не верувам дека ќе останеме заборавени
09:17 часот
оркестар11: напротив
09:18 часот
оркестар 11: имаме големи перспективи
Со слични ставови за граѓанска војна и крв по улици изминатиов период излегоа и низа соросови платеници на фунција во СДСМ, а сега ангажирани во МВР. Токму Едмонд Адеми во статус објавен на Фејсбук пред повеќе од една година повикуваше на пролевање на крв по улиците.
-Дур не се пролее крв по улици, ниту режим паѓа, ниту слобода се стекнува!, напиша Адеми на социјалната мрежа во јануари минатата година.
Токму поради ова, во јавноста се поставува прашањето дали Емонд Адеми е вработен во МВР за да спроведува крваво сценарио, согласно неговите јавно искажани ставови дека без да се пролеела крв по улиците, слободата не се стекнувала.
Претседателот Ѓорге Иванов, во своето вчерашно обраќање образложувајќи ја својата одлука рече дека прави крупен чекор кон меѓусебното помирување, додавајќи дека е можно на краток рок да го напаѓаат и обвинуваат за ова.
– Подготвен сум да се справам со тоа. Кога се нафатив со оваа функција, бев свесен дека таа носи и многу непријатности. Но, длабоко сум сигурен дека донесов исправна одлука. На крајот ќе заклучам: Ова што ѝ се случува на Македонија не можам да го дозволам во мојот мандат. Ние не смееме тоа да го дозволиме како генерација. Ова што се случува во Македонија е сѐ, само не политика, ова е поголема игра, во која Македонците, но и другите, Албанците и останатите, и не само политичарите, туку и академиците, професорите, лекарите, интелектуалците, бизнисмените, сите се под уцена и сите се заложници на оваа ситуација. Кризата ќе заврши кога ќе престанат сите да бидат заложници на страв, лична освета, гнев, омраза и поделби, истакна македонскиот претседател.
Иванов оцени дека кризата е нечиј туѓ интерес и за нечии туѓи цели, за некој кој сака да ја оствари својата цел преку завојуваните политички лидери и нивните поддржувачи.
– Сето она што се случуваше во изминатиов период, резултираше со досега невидена политичка конфронтираност, со политика на меѓусебно пресметување и уништување. Бескраен реваншизам и омраза и лична конфронтација. Погледнете што им се направи на нашите политичари и од власта и од опозицијата. Тие толку многу завојуваа, работите отидоа толку лично и далеку, си отворија меѓусебно толку многу кривични постапки, што сега и едните и другите се подготвени да употребат секави можни средства само да не бидат поразени на следните избори, затоа што не знаат до каде ќе оди другата страна во продолжување на личната пресметка, реваншизмот, омразата и конфронтацијата. Политиката се претвори во тоа кој кому ќе пушти повеќе кривични пријави и ќе отвори кривични постапки, кај кого ќе има повеќе претреси и притвори, рече Иванов.Во скајп комуникацијата помеѓу нив двајца, тие прогнозираа дека во Македонија ќе дојде до граѓанска војна, но благодарени на чадорот тие ќе останел