Фото: Ќе се гради подземна улица под плоштадот во Скопје

Парите за подземната сообраќајница под плоштадот се обезбедени, па веќе во следната 2014 година градоначалникот Kоце Трајановски ќе почне со изградбата на тунелската улица од мостот Гоце Делчев до Народната банка – проект, кој во својата предизборна програма го најави како најважен и капитален за растоварување на метежот во центарот. Подземната улица е ставена во нацрт-буџетот за 2014 година, кој вчера беше од Советот на Скопје.За првата фаза од изградбата се издвоени 90 милиони денари (1,5 милион евра). Со две третини од сумата ќе учествува Владата, а преостанатите пари ќе ги издвои Градот преку кредит – пишува Дневник.
Вкупниот градски буџет за следната година изнесува околу 82,5 милиона евра. Тоа е за 4 милиони евра помалку од годинашниов буџет по ребалансот. Kрупните зафати за наредната година се, пред с`, од сферата на сообраќајот и предвидуваат обнова на улици и изградба на катни гаражи и паркиралишта. Тука е и довршувањето на Градската куќа, за што се предвидени пет милиони денари.
„Нацрт-буџетот се проектира во консултации со општините, администрацијата, советничките групи и се направи еден баланс во согласност со потребите и можностите“, изјави градоначалникот Трајановски.

Значителни средства се распоредени и за проекти, надзор и за реконструкција на фасади на станбени објекти, вкупно 120 милиони денари (2 милиона евра), за изведбен проект за панорамското тркало, 30 милиони денари (500 илјади евра). Во врска со средните училишта и салите, 20 милиони денари се определени за реконструкција на зградите, 12 милиони за инсталирање громобрани, а пет милиони денари за изградба на фискултурна сала во „Боро Петрушевски“.
Ќе следува обнова на зеленилото во првиот и во вториот дел од Градски парк, но и на тоа по големото корито на Вардар. Ќе се гради и скејт-парк, а во Градскиот парк ќе се уреди катче „Парк на цивилизации“ со скулптури.
ТОП-10 ПРОЕКТИ ЗА 2014 ГОДИНА:
1. Подземна сообраќајница – 90 милиони денари
2. Kатни гаражи во изградба – 200 милиони денари
3.Реконструкција на „Трета македонска бригада“
со кружен тек – 38 милиони денари
4. Реконструкција на „Теодосиј Гологанов“ – 25 милиони денари
5. Обнова на „Х.Т. Kарпош“ – 25 милиони денари
6. Нови ленти на „Јордан Мијалков“ – 18 милиони денари
7. Трета фаза на „Илинден“ – 18 милиони денари
8. Реконструкција на „Маџари“ – 10 милиони денари
9. „Цветан Димов“, „М.Х. Јасмин“, „Јане Сандански“
– 3 милиони денари
10. Реконструкција на раскрсницата меѓу „8 Септември“ и „Скупи“
– 1 милион денариЗа првата фаза од изградбата се издвоени 90 милиони денари (1,5 милион евра). Со две третини од сумата ќе учествува Владата, а преостанатите пари ќ

Пронајдете не на следниве мрежи: