Фото: Која е жената што го измисли светски познатиот зачин Вегета?

На сите ни е добро познато вкусниот зачин Вегета кој е верен пријател на сите домаќинки при подготовката на вкусни јадења за своите најблиски. 
Главен „виновник“ за постоењето на овој вкусен зачин кој ја направи компанијата „Подравка“ една од најпознатите компании во светот, е Злата Бартл од сиромашното градче Копривница. 
Според неверојатната приказна на оваа жена, идејата за Вегета и дошла во 1955-тата година кога во градчето паднал снегот. 
Злата е родена во февруари во 1920 година. во Босна и Херцеговина во Сараево. Случајно, во 1955 година се најде во Загреб, а многу снег наврнал и ги завеал сите патишта во Југославија. Поради снежните патишта, таа не е во можност да се врати во родното Сараево. Заглавена во завеаниот Загреб, се обиде да најде работа. Се пријавила на оглас во Подравка – и била примена.
Како хемичар таа со време напредуваше, а веќе следната година отиде во Копривница и почна истражувања во Подравка центарот. Во 1959 година смисли и направи зачин кои претходно не постоел во светот. Тие го нарекоа “Вегета 40″, подоцна преименувана во само “Вегета”.

Во тоа време, таа живее во скромната фабрика во Копривница, заедно со колегите, и со нив делеше еден оброк дневно. Улиците беа калливи и градот беше неразвиен. Пакувањето на зачинот беше тешка импровизација – ќесите се лепеа со пегли кои ги позајмувале од жени од околните куќи.
“Вегета” преку ноќ станаа неверојатно популарна во цела Југославија, а потоа почна да се шири во околните земји. Денес, “Вегета” се продава во повеќе од 40 земји на сите континенти.
Благодарение на овој изум “Подравка” стана светска компанија, а сиромашниот град Копривница цветаше. Повеќе од 50 компании од целиот свет се обидуваа да го копирате овој зачин и лансираа нивна верзија  – но ниту еден не успеа комплетно да ја ископира и замени Вегета.
Злата има добиено разни награди и признанија:  Во 2006 година беше прогласена за почесен граѓанин на Копривница. Таа почина 2008 на 88 годишна возраст.
Денес постои фондацијата “Злата Бартл”, која на годишно ниво обезбедува стипендии за талентирани студенти и поддршка на научно-истражувачки трудови.
 На сите ни е добро познато вкусниот зачин Вегета кој е верен пријател на сите домаќинки при подготовката на вкусни јад

Пронајдете не на следниве мрежи: