Дали наскоро ќе има експозитура на Комерцијална наместо штаб на СДСМ?Заев очигледно има многу поголеми проблеми од изборите во Македонија. Денес низ јавноста се прошири информацијата дека лидерот Заев ја донесе својата партија во банкрот.
Притоа, Заев мака мачел како да го продолжи хипотекарниот договор со кој Комерцијална банка во залог го има седиштето на СДСМ. За потсетување, кредитот што на 19 април 2011 година го зеде тогашниот претпоставен на Заев, Бранко Црвенковски, истече на 19 април 2016 година. Токму затоа, Заев, веројатно, и ги активираше „пријателите од надвор“, под изговор за, божем, спорни гласачи и медиумски регулирања, само за да се спречат изборите, додека тој успее да го продолжи рокот на кредитната линија.
А исто така многу „случајно“ во јавноста додека траеа бомбите беше и прислушкуваниот разговор на директорот на Комерцијална банка-Хари Костов. Денес веќе на сите ни е јасно зошто и овој разговор бил пуштен, ако тогаш не збунуваше истиот со оглед на тоа дека Хари беше поранешен министер и премиер од редовите на СДСМ, и каква врска има тој разговор со „Слободата и демократијата“?
А сега верувале или не најновата информација е дека Комерцијална отвара нова експозитура, што мислите која е нејзината следна локација и зошто?
* Целта на „Бавча“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и реалните случувања е случајна. Заев очигледно има многу поголеми проблеми од изборите во Македонија. Денес низ јавноста се прошири информацијата дека лидерот Заев ја донесе своја
Пронајдете не на следниве мрежи: