Не стивнуваат реакциите и осудите за лидерот на СДСМ Зоран Заев по објавената фотографија на социјалните мрежи од натпреварот каде Шкендија беше домаќин на Арената „Филип Втори Македонија“, пишува Журнал.Имено, на натпреварот присуствуваа навивачите на Шкендија кои извикуваа и скандираа против македонската држава, скандираа имиња на балисти, се вееја знамиња на голема Албанија и УЧК, како и транспарент со ликот и името на Џемо Хаса, убиецот на партизаните, додека пак Зоран Заев гордо постави селфи по примерот во Диво Насеље и напиша дека навива за нов успех на Македонија.
На јавноста, а посебно на навивачките групи воопшто не им се допадна ова, особено ако се потсетиме на палењето на македонското знаме во 2010 година во Кичево од страна на “Балистите” кога ги извикуваа истите пароли и скандирања.
Дел од навивачките групи со герила акција му порачаа на лидерот на СДСМ дека веќе не е пожелен и добредојден на ниту еден македонски натпревар, како и му порачаа дека ги имаат Гоце (Делчев), Јане (Сандански) и Даме (Груев), а не Џемо Хаса.
Со своја порака до Заев излезе и член на битолските Чкембари кои јавно го покани Заев да присуствува на натпревар на Пелистер, порачувајќи му дека нема да си оди од Тумбе Кафе.
Извор: ЖурналИмено, на натпреварот присуствуваа навивачите на Шкендија кои извикуваа и скандираа против македонската држава, скандираа имиња на балисти, се вееј