Македонскиот капитен Кире Лазаров денес официјално беше промовиран во ново засилување.
Денес на пладне во конференциската сала во „Палау Блауграна“ во Барселона, најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров прв пат позираше во дресот на Барселона со бројот 77.
Неполни две недели од официјализацијата на трансферот од конкурентниот Атлетико Мадрид, леворакиот македонски бомбардер за прв пат говореше за шпанските медиуми.
Голем беше интересот на домашната ракометна јавност за второто засилување во летниот преоден рок по Никола Карабатиќ.
По промоцијата во неговиот нов клуб, Лазаров и денешниот ден ќе го мине во Барселона со запознавање на проектот, новиот дом, а од утре пак е во Македонија и започнува неговиот летен одмор. Стартот на подготовките за сезоната 2013/14 Лазаров и другарите ќе го имаат на 5-ти август.
Македонскиот капитен Кире Лазаров денес официјално беше промовиран во ново засилување.