Додека премиерот Емил Димитриев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, ги прекинаа одморите и заминаа на терен помеѓу граѓаните од поплавените подрачја во Скопје, каде ги слушаат барањата и потребите на граѓаните, експресно одговарајќи и солидаризирајќи се со нив, некој сѐ уште се одмарал или одмара под некоја палма, пишува порталот Маркукуле.Загрижени и револтирани граѓани испратија фотографии, сѐ со цел да се дознае вистината за лажниот патриотизам и лажната грижа за граѓаните на Скопје.
Доцна синоќа околу 2 часот по полноќ, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, слетал на аеродромот „Александар Велики” во Скопје, врајќајќи се од Барселона, дознаваме од очевидци, додава Маркукуле.
Додека сите градоначалници и директори на јавни претпријатија, ја мобилизираат целата механизација на општините, регрутираат човечки ресурси и сѐ што е потребно за расчистување на теренот од поплавите во Скопје, градоначалникот на Центар кој повеќе време поминува во странство, синоќа се врати во Република Македонија и не сме убедени оти знае дека Скопје го погоди катастрофално невреме.
Ова е уште еден доказ дека опозиционерите кои деновиве се најгласни по социјалните мрежи, обвинувајќи се и сешто и служејќи се со валкан речник, се познати само по парадерство, а не по работливост.Загрижени и револтирани граѓани испратија фотографии, сѐ со цел да се дознае вистината за лажниот патриотизам и лажната грижа за граѓаните на Скопј