Од екипата на фудбалскиот клуб Челси редовно во летниот преоден рок организираат тренинг кампови на кој регрутираат деца од целиот свет. На еден таков тренинг камп се појави и Македонецот, Петар Донески кој живее во Шведска и кој моментално настапува за еден локален клуб од градот Вастервик.
На покана на клубот, Донески аплицирал и бил примен на кампот кој трае 14 дена и се одржува во Лондон.
Во тренинг кампот моментално има 90 деца од 7 до 17 години кои се селектирани во возрасни категории. Тренинзите ги водат млади волонтери од клубот и истите се доста интензивни и напорни.
„Прекрасно е да си дел од еден голем фудбалски клуб како Челси. Морам да кажам дека пред се сум премногу возбуден. Тренинзите се доста интензивни и со врвен квалитет водени од тренери кои помагаат во развојот како играч. Се надевам дека целата оваа ситуација ќе даде позитивен ефект врз мојата кариера и врз мојот понатамошен развој.“- коментираше Петар Донески
Донески игра на позицијата централен дефанзивец и доколку остави впечаток на овој камп може да му биде понудена повторна соработка со гигантот од Лондон. На еден таков тренинг камп се појави и Македонецот, Петар Донески кој живее во Шведска и кој моментално настапува за еден локален клуб од градот Ва
Пронајдете не на следниве мрежи: