Фото: Македонскиот ракометар Миркуловски на операција

Врз македонскиот ракометен репрезентативец и член на Металург синоќа во австрискиот град Шрунс беше извршена операција на коленото. Хирургот др. Шенк. поради слични повреди има оперирано повеќе познати спортисти, а пред седум години кај Шенк се оперираше и тогашната светска првенка во скијање, Јаница Костелиќ.
Операцијата врз македонскиот ракометар е успешна, а рехабилитацијата ќе трае околу два месеца.
„Операцијата помина во најдобар ред и јас се чувствувам добро. На терен ќе се вратам за 6 до 8 седмици“, изјави Миркуловски за веб страната на Металург.
Македонскиот вицепрвак утре од 18 часот го игра натпреварот од 2.коло во Лигата на шампионите против тимот на ПСЖ, а Миркуловски и да беше здрав немаше да има право на настап на овој меч поради казната добиена од ЕХФ за црвениот картон на дуелот со Тун.
фото.rkmetalurg.mkХирургот др. Шенк. поради слични повреди има оперирано повеќе познати спортисти, а пред седум години кај Шенк се оперираше и тогашната светска

Пронајдете не на следниве мрежи: