Фото: Македонските навивачи сериозно размислуват да го тужат Њујорк никс

Околу стотоина Македонците беа на трибините во арената „Медисон сквер гарден“ на завчерашниот меч на Њујорк никс и на Атланта хоукс со желба да му дадат поддршка на Перо Антиќ. Дел од нив сериозно размислуваат за поднесување тужба за дискриминација против НБА-лигашот од Големото Јаболко, и тоа поради наредбата за отстранување на македонските знамиња од една од трибините.Македонските знамиња без проблем стоеја во текот на првото полувреме на мечот Њујорк-Атланта
Според зборовите на Лазе Богдановски, еден од членовите на навивачката фаланга на оваа средба, инцидентот се случил во третиот период, кога редарите им кажале дека мора да ги тргнат знамињата, кои во цело прво полувреме без никакви проблеми стоеле закачени на една од трибините. Интервенцијата на обезбедувањето била во два дела, по првиот биле отстранети поголем дел, но останале две-три, а по вториот и тие порале да бидат тргнати.

Редуцираниот број знамиња по првата интервенција на редарите

 
„Бевме крајно револтирани. Без никакво образложение ни беше кажано да ги тргнеме знамињата од оградата и тоа откако мина речиси половина натпревар, поради што се сомневаме дека имале некаква, односно нечија интервенција од луѓе на кои им пречел нашиот национален симбол. Поради тоа по средбата се појави идеја да поднесеме тужба поради дискриминација на нашето знаме, и тоа од луѓе што добро ја разбираат проблематиката, но навистина не знам што ќе излезе од сето тоа. Како и да е, ситуацијата беше мачна и непријатна, но, за жал, ние бевме немоќни да сториме нешто повеќе“, ни изјави Богдановски.

Група македонски навивачи пред „Медисон сквер гарден“
Покрај револтираноста од инцидентот со знамињата, македонските навивачи салата „Медисон сквер гарден“ ја напуштија и разочарани од фактот што Антиќ воопшто не влезе во игра.
„Голема штета е што Перо воопшто не влезе во игра. Сите едвај го чекавме да го проследиме моментот кога првиот Македонец во НБА ќе стапне на паркетот за да го поздравиме како што прилега, но тој не доби шанса од тренерот“, дополни Богдановски.

 

Дел од македонските навивачи што успеаја да дојдат до Перо Антиќ
Најголем дел македонски навивачи беа во најгорните редови во салата, но и тоа задоволство го платија скапо со оглед на тоа што билетите ги чинеа по 122 долари. Но имаше и такви што беа многу поблиску до теренот, меѓу кои и еден брачен пар од Њу Џерси, кој успеа да дојде до автограм од Антиќ по мечот – задоволство што ги чинело по 400 долари за еден билет.
Извор: мкд.мкМакедонските знамиња без проблем стоеја во текот на првото полувреме на мечот Њујорк-Атланта
Според зборовите на Лазе Богдановски, еден од

Пронајдете не на следниве мрежи: