ФОТО: Маж си го отсекол носот за да личи на Црвениот Череп!

Фан на стрипови направи неколку екстремни хируршки зафати за да наликува на неговиот омилен негативец. Тој дури и си го отсекол носот!Хенри Дамон веќе претходно има вградено импланти во челото и рацете, само за да наликува на Црвениот Череп од стриповите за Капетан Америка.
Но, ова изгледа не му било доволно на 37-годишниот татко на две деца од Каракас, Венецуела, кој допрва планира да прави други корекции.
Емилио Гонзалес е хирургот кој ги изврши сите корекции на неговото тело и кој ги напушти студиите по медицина за да ја следи својата страст за тетовирање и извршување на екстремни модификации на телото.
Тој изјави: „Хенри или како што го викаме Црвениот Череп, е физички и интелектуално здрава личност“. Гонзалес додаде и дека Хенри е одличен син, сопруг и татко, кој има екстремен вкус кога станува збор за модифицирање на телото.

„Поголем дел од моите клиенти знаат дека модификацијата на телото е последен чекор од уметноста за украсување на телото. Сите многу добро знаат што сакаат, исто како и Хенри. И сите од мене очекуваат нивните соништа да ги претворам во реалност“.
Но, Гонзалес беше искрен кога рече дека отсекувањето на носот нема да биде единствената корекција која му ја направи на Хенри.
„Следна работа е вградување на силиконски импланти во јагодиците, брадата и образите. Па, на крај лицето ќе му биде обоено црвено“.
Рангиран како 14-от најголем негативец од стриповите, Црвениот Череп за првпат се појави на сцената во 1947 година, како голем непријател на акциониот херој Капетан Америка.
Хенри Дамон веќе претходно има вградено импланти во челото и рацете, само за да наликува на Црвениот Череп од стриповите за Капетан Америка.

Пронајдете не на следниве мрежи: