Фото: Медицинска сестра ќе посвои 8-годишен син на пациентка која е ПРЕД УМИРАЊЕ

На Триција Сомерс (45) родителите и починале пред неколку години. Никој од останатите во семејството не можел да се грижи за нејзиното дете. Затоа ја замолила медицинската сестра да го посвои.Самохрана мајка од Пенсилванија која боледува од тумор, успеала во последен момент да му најде дом на својот 8-годишен син, да му обезбеди грижа и љубов замолувајќи ја за помош медицинската сестра.
Триција Сомерс (45) боледува од тумор, а сестрата Трициа Сеаман не можела да ја одбие молбата од болната жена.
Жените се запознале додека Сеаман се грижела за пациентката во болница во Харисбург. Ден пред да требало да ја отпуштат од болницата, Триција Сомерс на истоимената сестра и побарала огромна услуга.
– Ми рече, ако умрам, ќе го земеш ли мојот син? – се присетува Сеаман.

На Триција Сомерс (45) родителите и починале пред неколку години. Никој од останатите во семејството не можел да се грижи за нејзиното дете. Сеаман најпрво била изненадена и имала безброј прашања во главата, но по разговор со својот сопруг, со кој има 4 деца, одлучила да и ја исполни желбата на пациентката.
Парот Сеаман веќе имал искуство со освојување на деца па не се плашеа од тоа дека можат да ги одбијат во социјалната служба

Мајакта и синот се преселиле кај семејството Сеаман
– Во еден момент и реков дека повеќе не можам да и бидам медицинска сестра, бидеји веќе сум и семејство. Разговаравме и ја прашав дали сака да се пресели кај нас. Се растажи и во солзи прифати да се преселат кај нас – раскажува медицинската сестра.
Се доселиле кога докторите и предвидувале уште еден месец живот. Триција Сомерс се уште е на нозе.
– Само сакаме Триција да го живее животот до крај. Ја сакаме и неа и син и. Тој е многу паметно момче. Сакаме да се школува и да знае дека никој никогаш нема да биде сам – вели медицинската сестра за ABC News.Самохрана мајка од Пенсилванија која боледува од тумор, успеала во последен момент да му најде дом на својот 8-годишен син, да му обезбеди грижа и

Пронајдете не на следниве мрежи: