Меланија Трамп заедно со својот сопруг на патувањето низ Азија, кое ќе потрае 12 дена.Првата дама и американскиот претседател прво беа на Хаваите за да оддадат почест на загинатите војници и морнари на “Перл Харбор”.
Меланија за патувањето одбрала капут во темно сина боја со потпис на познатата модна куќа Емилио Пучи, додека на нозете носела стилето чевли во иста боја и од брендот на Кристијан Лубутен.
Капутот на првата дама ја открива нејзината убава фигура, додека чевлите како и обично додаваат сексапил.
Меланија се поздравила и со своите фанови, девојчињата кои дошле да ги испратат и се согласила да се фотографира со нив.
Првата дама и американскиот претседател прво беа на Хаваите за да оддадат почест на загинатите војници и морнари на “Перл Харбор”.