Фото: Менторите проговорија зошто Илма го напушти X Фактор

На вчерашниот осми лајв од најгледаното регионално музичко шоу X фактор беше елиминирана 13 годишната Илма Карахмет.Многу луѓе од регионот не ја поддржаа одлуката на судиите, поради тоа што малата Илма има неверојатен талент кој дефинитивно го покажа во текот на ова шоу.
Но, сепак женскиот дел од судиската четворка поради ваквите бројни коментари почувствува потреба да образложи зошто токму Илма си оди дома.
За сите заинтересирани и оштетени : во целост стојам зад својата одлука да ја пратам Илма дома. Неоспорно, таа е огромен талент, технички перфектна, ужасно моќен глас. Но јас уште од првиот лајв не чувствувам никаква емоција кога таа пее. Ништо. Рационално восхитување на неверојатен виртуозитет – да. Емоција – ништо.
Можеби вие ја чувствувате, можеби илјадници луѓе ја чувствуваат, но јас не ја чувствувам. А јас гласам на основа на тоа што јас мислам и чувствувам или не чувствувам.
Мене не ми е доволен виртуозитет. Јас повеќе би сакала Илма да пее полошо отколку што пее, но да има длабочина на емоцијата, тродимензионалност.Јас секако не ја пратив дома затоа што на Маид му е „последен воз“. Тоа со мојата одлука нема никаква врска и ве молам во своето беснеење на мене да беснеете со вистинска причина, а не со грешна.
Воглавно публиката ја изгласа Илма за во дует. Значи голем дел од одговорноста за испаѓањето на Илма е на вас. Ете така, вака Кристина Ковач на својот Фејсбук профил им се обрати на своите фанови и хејтери.
 

Post by Kristina Kovac.

Гласот на Емина Јаховиќ беше одлучувачки за елиминирањето на Илма, а таа проговори на следниот начин:

 
– Илма е преталентирано дете, но нејзиното време туку што доаѓа. Уште е премлада за вртоглава популарност и да профитира од својот талент. Тешко е тоа… Х фактор од следната година треба да поведе внимание за годините на натпреварувачот, 17 години најмалку. И сите среќни. Вака тешко. Добра ноќ свирачи. Баш ме измори оваа вечер. Убаво спијте.
 

Post by Emina Jahovic.

Како и да е, шоуто X Фактор продолжува понатаму со последните 5 супер финалисти на големото суперфинале.Многу луѓе од регионот не ја поддржаа одлуката на судиите, поради тоа што малата Илма има неверојатен талент кој дефинитивно го покажа во текот на

Пронајдете не на следниве мрежи: