Пред четири години, односно во 2012 година, за време на саемот во Монако, „Mercedes-Benz“ го претстави својот нов концепт за јахта. Пред неколку дена компанија ги покани медиумите во Јужна Франција, за да го видат веќе готовиот модел.Јахтата е изградена заедно со производителот на јахти „Silver Arrows Marine“ и го носи името „Mercedes-Benz Arrow460-Granturismo“.
Од овој модел ќе бидат произведени само 10 јахти, со тоа што во една земја нема да има повеќе од една јахта од овој модел.
Таа е со должина 14 метри и се придвижува од два дизел мотори „Yanmar“, а секој од нив е со моќност 480 коњски сили. Јахтата може да развива максимална брзина од над 40 јазли со лесен товар.
Внатрешноста, која сѐ уште не е завршена, ги пренесува специфичните карактеристики за „Mercedes“ на отворено море, со употреба на орнаменти од велур и дрвени панели од еукалиптус.
Од „Mercedes“, исто така изјавија дека секоја јахта ќе биде уникатна, што ќе овозможува бескрајни модификации, но мора да се придржуваат кон принципите на двете марки.
Јахтата е дизајнирана со капацитет до 10 лица. Таа има луксузна бања, посебна просторија за пресоблекување, климатизација, висококвалитетна аудио опрема, винска визба и машина за мраз.
Цената на јахтата засега не е позната, но според некои информации основниот модел ќе се продава за 1,7 милиони долари.Јахтата е изградена заедно со производителот на јахти „Silver Arrows Marine“ и го носи името „Mercedes-Benz Arrow460-Granturismo&