Според мислењето на многумина, Кристијано Роналдо е еден од најубавите мажи на светот. Освен што е добар фудбалер, често се наоѓа и во улога на манекен.Неговиот напредок во светот на модата воопшто не изненадува, бидејќи поминува часови во теретана, како и во салони за убавина за да го одржи телото во кондиција.
Меѓутоа, со последниот излет во модните води насмеа многумина.
Иако неговата фотографија добила 968 илјади допаѓања, има над 16.000 коментари во кои главно му се смеат.
На фотографијата е прикажан Кристијано како позира гол до половина, а бојата на тенот му е таква што е јасно дека не излегува од солариум. Секако, тука е и заводливиот поглед.
Меѓу многубројните коишто јавно го исмеале е и Питер Крауч, фудбалер на Стоук Сити, кој на Твитер напишал:
„Ве молам ретвитајте, ако сакате и јас да се сликам вака“ – напишал тој.
Секако, сите го сфатиле ова како иронична порака.
Во еден момент дури се огласиле и од ФК Баерн Минхен, на чиј профил се појави гиф, поточно реакција.Неговиот напредок во светот на модата воопшто не изненадува, бидејќи поминува часови во теретана, како и во салони за убавина за да го одржи телото