Граничниот премин Табановце е еден од најфреквентните гранични премини во земјата преку кој годишно поминуваат повеќе од три милиони патници.
На самиот влез во државата сите оние кои влегуваат ги пречекува „хорор“ слика од единствениот јавен тоалет на овој граничен премин.
Рѓосани санитарии стари со децении, руинирани ѕидови и врати без кваки. Скоро неупотребливо, а надвор има голема светлечка реклама, јавува „Телма“.
Преминот целосно е модернизиран, но колку сме далеку од Европа доволно е само да се ѕирне во овој тоалет. Странците го избегнуваат и одат на бензинските пумпи, вели еден соговорник за телевизијата.
„Низ цела Европа сум бил, никаде не сум видел ваков тоалет“, вели еден патник за „Телма“, а многумина го анрекуваат и хорор тоалет.
Фото.ТелмаГраничниот премин Табановце е еден од најфреквентните гранични премини во земјата преку кој годишно поминуваат повеќе
Пронајдете не на следниве мрежи: