Можеби мислевте дека имате видено се, но дефинитивно ваква лична карта сеуште немате видено.Оваа фотографија предизвика бура од реакции од Министерството за внатрешни работи во Чешка.
Станува збор за Лукаш Нови, кој успеал да се фотографира за лична карта со цедалка на глава. Цедалката како што објаснил е негово верско обелешје, па затоа сакал да биде со неа на личната карта.
Според реакцијата на министерството, општината во Брно не смеела да дозволи таква фотографија на привремената лична карта на граѓанинот, кој се претставува како припадник на наводна „пастафаријанска” вера.
„Сметаме дека толкувањето на Градското собрание во Брно не било целосно точно. Можеле да сфатат дека пастафаријаните не се официјално регистрирана верска асоцијација во Чешка“, објаснува портпаролот на чешкото МВР, Павел Новак.
Пастафаријанството е основано од Американецот Боби Хендерсон во 2005 година како сатиричен протест против образовниот Совет на Канзас, кој дозволи во училиштата да се предава за создавањето на светот како алтернативна еволуција.
Припадниците на ова „верување“ сметаат дека Универзумот е создаден од летачки монструм во вид на шпагета. Оваа фотографија предизвика бура од реакции од Министерството за внатрешни работи во Чешка.
Станува збор за Лукаш Нови, кој успеал да се фо