Фото: Најдобрите изуми за 2013-та година

Што е она што го прави еден изум успешен? Можеби решава проблем за кој се мислело дека нема решение или пак му пристапува на проблем кој не сте го перцепирале како таков.Секоја година бистрите умови смислуваат интересни новини кои ќе ви го олеснат животот или барем ќе го направат позабавен. Магазинот Time секоја година објавува листа на најдобри изуми, а оваа година на листата се најдоа доста интересни и корисни нешта. Во продолжение проследете ги најдобрите изуми за 2013-та.
Вештачки панкреас
Ова е првиот уред, одобрен од светските здравствени организации, кој игра улога на панкреас. Изумот значително ќе им го подобри животот на болните од Тип 1 дијабетес.
Овој базен е дизајниран да плови на површината на водата, дограден е со систем за филтрирање на водата од реката. Овој изум ќе им дозволи на жителите на Њујорк за прв пат по 100 години да запливаат во Еast River. Проектот ќе чини 15 милиони долари.

The Plus Pool
Овој базен е дизајниран да плови на површината на водата, дограден е со систем за филтрирање на водата од реката. Овој изум ќе им дозволи на жителите на Њујорк за прв пат по 100 години да запливаат во Еast River. Проектот ќе чини 15 милиони долари.

 

SpaceShipTwo на Virgin
Леталото на Virgin планира да носи богати жители во вселената до 2014-та година. Ова вселенско летало користи ракетен мотор за поминување низ атмосферата, за потоа e предвидено да лета како авион. Доколку се оствари, ова ќе биде првиот приватен проект кој вклучува туризам во вселената.

Невидливиот облакодер
Кулата наречена Infinity, која се планира да се гради во Северна Кореја, ќе биде првиот облакодер кој неколку часа во денот, ќе биде условно кажано провиден. Архитектите ќе употребат кобинацијата од LED технологија и 18 водоотпорни камери на фасадата, за да направат да изгледа невидливо од одредени точки. Нагласуваат дека кулата ќе остане видлива за птиците и авионите.
Повече на: GSM.mkСекоја година бистрите умови смислуваат интересни новини кои ќе ви го олеснат животот или барем ќе го направат позабавен. Магазинот Time секоја год

Пронајдете не на следниве мрежи: